БЕСПЛАТНА ДОСТАВА ДО СИТЕ ГРАДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА

Права на субјектот на лични податоци

Идентитет и контакт на податоците на Контролорот:

Назив: НАНА-ВИКИ ДООЕЛ Скопје

Седиште: бул. 3-та Македонска бригада бр.5/18 Скопје

 

Контакт податоци на офицерот за заштита на личните податоци:

Име и презиме: Филип Вукадиновски

e-mail: info@nanaviki.mk

 

Заштита на личните податоци

Нана Вики посветува големо внимание на заштитата на личните податоци при работење, имплементирајќи ги стандардите поставени со прописите за приватност и заштита на лични податоци во Република Северна Македонија. Истите се подетално разработени во интерните Политики и процедури кои го сочинуваат системот на заштита на лични податоци (Политиката за приватност е објавена на нашата интернет страна: www.artnutrition.mk).

Цели и правен основ за обработка на Вашите лични податоци

Субјектите кои се сопственици на личните податоци имаат право:

– Да бидат информирани за обработката на нивните податоци (обврска на компанијата)

– Да пристапат до нивните податоци и да ги дополнат, изменат, избришат или да бараат запирање на користењето на истите.

Барањето за пристап и измена на податоците се доставува во писмена форма на info@nanaviki.mk

Нана Вики Дооел е должна да одговори на корисникот во рок од 15 дена од денот на прием на барањето. Нана Вики Дооел нема обврска повторно да одговори на исто или слично негово барање ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци, освен ако изминале 6 (шест) месеци од денот на доставувањето на барањето.

Доколку корисникот не добие одговор, може да поднесе барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци пред Агенцијата за заштита на личните податоци.

По барање на корисникот, Нана Вики Дооел е должна да ги дополни, измени, избрише или да го запре користењето на личните податоци, ако податоците се нецелосни, неточни или неажурирани и доколку нивната обработка не е во согласност со закон. Независно од тоа дали корисникот има поднесено барање за дополнување, изменување или бришење на личните податоци, доколку Нана Вики Дооел утврди дека личните податоци се нецелосни, неточни или неажурирани, има право истите да ги дополни, измени или избрише. Нана Вики Дооел е должна најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето, писмено да го извести субјектот на лични податоци за направените дополнувања, измени или бришења.

 

Рокови на чување на Вашите лични податоци

Податоците кои се обработуваат од страна на Нана Вики Дооел се чуваат согласно законските рокови.

Доколку сметате дека е повредено некое ваше право за заштита на личните податоци, поднесете барање за утврдување на прекршок на прописите за заштита на личните податоци пред Агенцијата за заштита на личните податоци.